Безбедноста на храната иако е на високо ниво, сепак влијанието и контролите од страна на државата треба да се засилат. Ако вработените во малите прехранбени претпријатија не се доволно едуцирани да го разберат значењето на хигиената и безбедноста на храната, тогаш потрошеното време, парите и работата немаат ефект, сметаат експертите. Поради тоа, тим на експерти од земјите од регионот развија меѓународна професионална мрежа за безбедност на храна и заштита на потрошувачите. Во Македонија 11 лица се стекнаа со меѓународна диплома за ХАСАП-стандарди. Центрите за безбедност на храна, поврзани како меѓународна професионална мрежа ќе овозможи компаниите да добијат меѓународно сертифицирани експерти. Од Регионалната комора на Србија сметаат дека се уште не е доволно познавањето на ХАСАП-стандардите.
Безбедноста на храната иако е на високо ниво, сепак влијанието и контролите од страна на државата треба да се засилат.
Ако вработените во малите прехранбени претпријатија не се доволно едуцирани да го разберат значењето на хигиената и безбедноста на храната, тогаш потрошеното време, парите и работата немаат ефект, сметаат експертите.
Поради тоа, тим на експерти од земјите од регионот развија меѓународна професионална мрежа за безбедност на храна и заштита на потрошувачите. Во Македонија 11 лица се стекнаа со меѓународна диплома за ХАСАП-стандарди.
Центрите за безбедност на храна, поврзани како меѓународна професионална мрежа ќе овозможи компаниите да добијат меѓународно сертифицирани експерти.
Од Регионалната комора на Србија сметаат дека се уште не е доволно познавањето на ХАСАП-стандардите.
- Бројни се последиците од небезбедната храна. Покрај болестите може да влијаат и на трговијата и туризмот и да ги намалат приходите - велат од Регионалната комора на Србија.